Приведен тетовец возел пијан и во спротивна насока
Четириесет и седумгодишниот Д.М. од тетовското село Камењане ноќеска бил приведен во полициска станица поради тоа што возел во спротивна насока и под дејство на алкохол.
Полициските службеници запреле патничко возило „хјундаи“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал Д.М. во спротивна насока на коловозна лента и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,57 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
По целосно документирање на настанот, против Д.М. ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведен тетовец возел пијан и во спротивна…
Четириесет и седумгодишниот Д.М. од тетовското село…
МВР: Не наседнувајте на лажни електронски пораки…
Во МВР пристигнуваат пријави од граѓани за…
Тошковски: Драстично е намален бројот на жртви…
Горд сум на граѓаните затоа што имаме…
Во Тетово прегазена 73-годишна жена од скопско…
МВР информира дека вчера попладне во 14:00…
Малолетни момчиња нападнати на стадионот „Борис Трајковски“
Двајца малолетници вчера биле нападнати од насилници…