Приведен тетовец кој избегал од „Идризово“

Полицијата утрово, во 1:10 часот, на улица „107“ во Тетово го лишила од слобода Е.Б.(31) од тетовското село Слатино.
Како што информира МВР, тој бил осуден на казна затвор од шест години за сторени кривични дела „тешка кражба“, „разбојништво“, „уцена“, „загрозување на сигурноста при вршење семејно насилство“ и „загрозување на безбедноста во сообраќајот“.
Е.Б. бил баран по потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Идризово поради бегство од установата.
– Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа затвор Идризово за доиздржување на две години и шест месеци од казната, се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се степале затвореници во Идризово
На 05.03.2025 во 15.40 часот во СВР…
Во „Идризово“ почина затвореник
– На 25.02.2025 во 16:20 часот во…
Затворенички се тепале во Идризово, едната со…
На 24.02.2025 во 14.54 часот во СВР…
Во затворот Идризово пронајдени пари и мобилни…
Казнено-поправната установа Затвор Идризово синоќа во 20.00…
Пронајдена дрога во „Идризово“
Скопската полиција информира дека вчера бил извршен…