Приведен турски камионџија на „Деве Баир“
Триесет и едногодишен турски камионџија е приведен на „Деве Баир“ откако приложил фалсификувани документи.
„Вчера во 21.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода И.К(31) од Република Турција, затоа што при извршена пасошка контрола било констатирано дека меѓународните зелени карти за осигурување на товарно возило „форд“ и полуприколка со турски национални ознаки, кое го управувал, биле фалсификувани“, информирааат
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.