Привремено затворена сендвичарница во Штип, петмина пријавиле симптоми на труење со храна
По пријава од Центарот за јавно здравје Штип за можно труење со храна, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спровеле вонреден надзор во сендвичарница во Штип.
Како што соопшти АХВ, пет лица пријавиле симптоми на труење по консумирање сендвичи со пилешки стек.
Земени се примероци од храната и брисеви од работните површини за лабораториско испитување.
Сендвичарницата е привремено затворена додека не се добијат резултатите, со кои ќе се потврди безбедноста на објектот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Привремено затворена сендвичарница во Штип, петмина пријавиле…
По пријава од Центарот за јавно здравје…
Двајца штипјани физички нападнале полицаец додека извршувал…
Две лица од Штип физички нападнале полицаец…
Семејствата на загинатите во Кочани по концертот…
Здружението на граѓани „16 март 2025“ преку…
Во Штип вчера имало над 100.000 на…
Во Штип вчера имало над 100.000 посетители…
(Видео) Штип како депонија ден по Пастрмајлијадата
Штип изгледа како депонија ден по Пастрмајлијадата.…