Приоритети во време на пандемија: Груби ќе дели 20 милиони денари на невладини организации
Од годинава и Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците (МПСОЗ) ќе има буџет од 20 милиони денари кои ќе бидат наменети за невладини организации. Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество побарало од МПСОЗ да учествува при распределбата на парите, но досега не добил повратен одговор. Дополнителни 15 милиони денари се на сметката на Генералниот секретаријат на Владата за истата цел.
Советот се понуди да му помогне на Министерството околу дефинирање на приоритетите и програмирање на средставата, дизајнирање на јавниот оглас и учество во селекцијата за доделување. Одговор уште немаме и не знаме како тоа ќе оди, изјави за „Слободен печат“ Фани Каранфилова Пановска, претседателка на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество.
Генералниот секретаријат на Владата во моментов располага со 15 милиони денари наменети за 463 трансфери кон невладини организации.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лога, Груби и Битиќи: Разговараме за заедничка…
Неофицијално јас знам дека тој датум ќе…
Антикopyпциска го иcкapa Гpyби го пpeкршил Кодексот…
Антикорупциската комисија на денешната седница констатираше дека…
(Видео) Груби: Ќе има Албанец премиер во…
Првиот вицепремиер Артан Груби во интервју за…