Природниот прираст негативен: Намален бројот на новороденчиња и склучени бракови во второто тримесечје од 2024 година
Во второто тримесечје од 2024 година, живородени се 3 840 деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е намален за 7.2 %, соопшти Државниот завод за статистика.
Бројот на умрените лица во второто тримесечје од 2024 година бележи зголемување од 0.3 % во споредба со истото тримесечје од 2023 година и изнесува 4 711 лицa, а од нив 12 се умрени доенчиња.
Природниот прираст е негативен, односно – 871 лице, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.
Во второто тримесечје од 2024 година, склучени се 2 533 бракови, што претставува намалување за 22.6 % во споредба со истиот период од 2023 година.
Во ова тримесечје се добиени 390 извештаи за разведени бракови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…