Пристигнаа над 11 илјади дози вакцини против коронавирусот

Министерството за здравство информира дека се обезбедени нови количини вакцини против Ковид-19. Станува збор за 11.520 дози кои ќе бидат распределени во здравствените домови во текот на неделата. За таа цел, сите заинтересирани граѓани кои сакаат да примат вакцина против Ковид-19 можат да се обратат до најблискиот здравствен дом.
Во Скопје вакцинацијата ќе се врши во поликлиниката Бит Пазар.
Вкцините се наменети за возрасни и адолесценти над 12 години.
-Потсетуваме дека вакцинацијата е најдобрата и најефикасна мерка за заштита на здравјето на населението од заразни болести. Министерството за здравство континуирано ја следи состојбата со Ковид-19, стои во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ вели дека во моментот нема потреба…
Можам да ве уверам дека во моментов…
Германец бил вакциниран против корона 217 пати
62-годишен маж од Германија, против лекарски совет,…
ЕУ фрлила вакцини против Ковид-19 вредни 4…
Членките на Европската Унија фрлиле 215 милиони…
Американската држава Тексас го тужи Фајзер поради…
Фармацевтскиот гигант ја измами јавноста за ефикасноста…
МЗ: Над 50 илјади граѓани примиле вакцина…
Министерството за здравство информира дека над 50…