Пристигнаа првите честитки за Ердоган: Од Европа му честиташе Орбан

Емирот на Катар Тамим бин Хамад Ал Тани беше еден од првите кои му ја честитаа победата на претседателските избори на актуелниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Мој драг брату Реџеп Таип Ердоган, ти честитам на победата. Ти посакувам многу среќа во новиот мандат“, напиша емирот на Катар на Твитер. На Ердоган му честиташе и шефот на Владата на национално единство на Либија, Абделхамид Дбеиба.
И унгарскиот премиер Виктор Орбан му ја честиташе победата на Ердоган.
„Честитки до Реџеп Таип Ердоган за неговата безусловна победа на изборите!“, напиша Орбан на Твитер.
„Честитки, господине претседателе!“, – додаде унгарскиот премиер на турски јазик.
Претседателот на Узбекистан Шавкат Мирзијоев телефонски му честиташе на турскиот колега Таип Ердоган за убедливата победа на претседателските избори, соопшти прес-службата на узбекистанскиот лидер.
„Претседателот на Република Узбекистан Шавкат Мирзијоев на 28 мај во телефонски разговор искрено му честиташе на претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган за неговата убедлива, историска победа на претседателските избори одржани денеска“, се вели во пораката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ердоган: Веруваме дека сириската влада ќе преземе…
Ердоган телефонски разговараше со претседавачот на Суверениот…
Ердоган го покани Трамп да ја посети…
Претседателот на Турција Ердоган се обиде да…
Пендаровски испратил порака до кабинетот на Ердоган…
Претседателот Стево Пендаровски во текот на вчерашниот…
Ердоган ги критикува САД бидејќи ја блокираа…
Невозможен е праведен свет со Америка во…
Ердоган: Уништувањето на Xамаc е „нереално“
Израел и неговите западни поддржувачи наместо тоа…