Пристигна одговор од МНР за обидот за атентат врз Османи: Не постоеја индикации за какви било закани или можен напад врз делегацијата на ОБСЕ

t

Молдавски медиуми информираат дека е избегнат атентат врз Мaкедонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи за време на неговата посета на Молдавија во својство на претседавач со ОБСЕ.

Според пишувањето на медиумот „Реалитатеа“, нападот требало да биде изведен со автомобил бомба. Според тврдењето на надлежните, автомобилот требало да биде паркиран во близина на замокот Бендер.

Медиумот додава и дека официјален Тираспол, кој е главен град на Транснистрија – регион отцепен од Молдавија, ја обвинил Службата за безбедност на Украина дека стои зад ваквите планови.

Истражните органи во Тираспол презентирале и видео снимка од моментот кога агентот наводно ја следел делегацијата на ОБСЕ предводена од Османи, на патот кон тврдината Тигина.

Но, снимката не покажува ништо особено, освен внатрешност на тролејбус, кој чека на крстосница додека да помине колоната возила со делегацијата на ОБСЕ, а потоа продолжува по својот пат.

Од Канцеларијата за реинтеграција во Кишињев за „Реалитатеа“ изјавиле дека уставните власти се обратиле до Тираспол за да побараат докази, бидејќи презентираната верзија „има шпекулативен карактер и не ги одразува истрагите или потврдните податоци разјаснети од властите на Република Молдавија.

На прашање на Инфомакс добивме одговор и од министерството за надворешни работи со кое раководи токму Бујар Османи.

-По појавените информации во јавноста за можен напад врз делегацијата на ОБСЕ при посетата на Молдавија, со регионот Транснистрија која ја предводеше Претседавачот со Организацијата, министерот Бујар Османи, дозволете да информираме за следното.

Во рамките на ОБСЕ, посетите на делегациите на Организацијата и посетите од страна на Претседавачот предвидуваат посебни безбедносни протоколи кои се во надлежност на земјата домаќин.

Реализираните посети на Украина, Молдавија, како и предвидените теренски посети во другите таканаречени „загрозени подрачја“ се реализираат со јасна назнака дека се тоа посети на делегацијата на ОБСЕ, што во меѓународните односи се сметаат за посети со зголемен ризик и внимателност.

Претседавачот имаше целосна доверба во безбедносните служби на Молдавија и во тамошните власти, кои ја гарантираа неговата безбедност и безбедноста на делегацијата. Ние не бевме информирани, ниту постоеја индикации за какви било закани или можен напад врз делегацијата на ОБСЕ, ниту кон претседавачот Османи за време на неговата посета.

Безбедноста на претставниците на ОБСЕ е од висок приоритет и Организацијата ќе ја продолжи блиската соработка со локалните власти за време на која било посета и на која било локација, велат од МНР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПДПР со демант и објаснување на денешниот…

Реакција и демант По повод видеото што…

Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…

*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…

Коцевски требаше да ги гони и своите…

Адвокатот Звонко Давидовиќ вечерва во „24 анализа“…

Бела куќа: Иран би можел да произведе…

Иран би можел да произведе нуклеарно оружје…

Медиуми: Историски пресврт, се вработуваат рекорден број…

Во државните институции се случува историски пресврт,…