Притворениот српски министер Весиќ заврши во болница

t

Поради нагло влошување на здравствената состојба на српскиот министер Горан Весиќ, по шестдневен штрајк со глад и одбивање да добие лекарска помош, управата на Окружниот затвор во Нови Сад го известила Вишиот суд дека Весиќ мора да биде префрлен во болница.
Весиќ со возило на Итна медицинска помош е испратен во Заводот во Сремска Каменица на понатамошна нега.


По прегледот од страна на специјалист, Весиќ со одобрение на судијата за претходна постапка е задржан на одделението за коронарна интензивна нега, јави Танјуг.
Горан Весиќ е еден од 13-те уапсени за уривање на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад.
На Весиќ, кој поднесе оставка од функцијата министер за градежништво, му е одредена мерка притвор до 30 дена. Претходно, Владата на Србија му го одзеде имунитетот.
Во трагедијата што се случи на 1 ноември загинаа 15 лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ