Притвор за Кумановец: Пронајдени оружје и муниција во неговиот дом!
МВР информира дека завчера до Основно jавно oбвинителство Куманово поднесе кривична пријава против Џ.Е.(42) од Куманово, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи” предвидено и казниво по чл.396 од КЗ.
Информациите се дека Џ.Е. изминатиот период неовластено набавил и во својот дом држел оружје и муниција за оружје, поради што врз основа на издадена Наредба од судија на претходна постапка од Основен суд Куманово во тек на полициска акција спроведена на 27.08.2023 година од страна на полициските службеници при ЕНТД беа преземени мерки и активности и извршен е претрес во домот и други простории кај лицето, при што пронајдени и одземени се еден пиштол долга деветка со рамка од 8 куршуми калибар 9мм, 28 парчиња муниција за пиштол калибар 9 мм, една полуавтоматска пушка карабин, една ловџиска пушка, 17 метални рамки за муниција за карабин како и 138 парчиња муниција за карабин различен калибар.
Лицето е лишено од слобода и изнесено пред Судија на претходна постапка, од чија страна му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хрватска набавува најмоќно оружје во својата историја:…
Хрватска го набавува најмоќното оружје што досега…
Путин: Ќе одговориме реципрочно на распоредувањето на…
Русија ќе смета дека е ослободена од…
(Видео) Дома чувале „цел арсенал“: Автоматски пушки,…
На 25.07.2024, полициски службеници од Одделот за…
Си-Ен-Ен: На Трамп било пукано од три…
Според наодите од аудио вештачењето, за време…
(Видео) Пожарникари спасуваа кумановец кој паднал во…
Денеска, од пред зори имаше неколкучасовно, успешно,…