Притвор за лицата кои држеа мигранти во заложништво во Студеничани!

Вечерва судијата на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје го прифати предлогот на обвинителството и на осомничените им определи мерка притвор во траење од 30 дена за лицата осомничени дека држеле мигранти во заложништво.
Притоа судијата го имаше предвид образложението на јавниот обвинител во врска со предлогот за определување на мерка притвор, особено фактот што против првоосомничениот веќе се води постапка во ОЈО ГОКК за сторено кривично дело Криумчарење на мигранти за кое му била определена мерка притвор која Кривичниот совет решавајќи по жалба на одбраната прифатил гаранција од 185.382 евра во земјоделско земјиште и ја преиначил мерката притвор, определувајќи му мерки на претпазливост. Апелациониот суд решавајќи по жалба на ОЈО ГОКК ја отфрлил истата и ја потврдил одлуката на Кривичниот совет, по што тој го повторил делото, сторувајќи дополнително уште едно кривично дело.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Притвор за лицата кои држеа мигранти во…
Вечерва судијата на претходна постапка при Основен…
Турски државјанин криумчарел мигранти од Египет низ…
„На 21.03.2025 околу 02:50 часот на регионалниот…
САД со нова апликација за „самодепортација“ на…
Администрацијата на актуелниот претседател на САД, Доналд…
Ги излажале дека нивни блиски прегазиле деца…
Двајца повозрасни кумановци измамени преку телефоснки повици…
Трамп подготвува објект за 30.000 мигранти во…
Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека во…