Притвор за полицајците кои биле поврзани со Шеваљ Муареми
Судија на претходна постапка им определил притвор на двајцата полицајци и членот на криминалната група кои вчера беа уапсени под сомнение дека на групата „Дуќаниџиќ“ од село Грчец на чело со Шеваљ Муареми им оддавала службени информации за текот на истрагите што се водат против нив, потврдуваат од Кривичниот суд за „Слободен печат“.
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска најави дека во иднина ќе има доста интересни случаи за јавноста поврзани со организиран криминал и висока корупција.
-Претпоставувам дека ќе следат поголем број на случаи кои се поврзани со доказниот материјал обезбеден од страна на Скај апликацијата која ни е дадена од нашите меѓународни партнери. Станува збор за огромен број на докази поврзани со конкретни кривични дела. Овој конкретен случај е поврзан со двајца полициски службеници во периодот кога ги сториле кривичните дела за кои се товарат. Тие денеска не се повеќе полициски службеници, порача Тошковски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…
(Видео) Крмов: Имаме скржава власт која одвои…
Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седницата…