Притвор за тројца мажи кои претепале две жени со дрва и цевки

Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против три лица од виничкото село Трсино, за кои постои сомнение дека во група ја загрозиле сигурноста и извршиле грубо насилство врз две жени и притоа им нанеле телесни повреди, соопшти Јавното обвинителство.
Како што појаснуваат оттаму, додека оштетените биле во дворот од нивната куќа, тројцата мажи ја прескокнале оградата од дворот и се упатиле кон нив, држејќи во рацете тврди предмети – дрва и цевки. Жените се скриле во помошен објект, но осомничените ги извлекле и почнале да ги удираат, нанесувајќи им телесни повреди, а предизвикале чувство на страв и кај уште една жена – сведок на настанот. На овој начин, како што нагласуваат од ЈО, осомничените сториле кривично дело – Насилство.
-Според првичните сознанија, причина за насилството биле подолготрајни нарушени односи меѓу две семејства во селото, а при лишување од слобода осомничените продолжиле да се закануваат дека ќе извршат убиство, се вели во денешното соопштение од Обвинителството.
Со оглед на опасноста осомничените да го повторат делото или да извршат друго дело со кое се закануваат, но и опасноста од бегство, јавниот обвинител до Основниот суд во Виница доставил предлог за определување мерка притвор. Судот го прифатил предлогот и определил притворска мерка за сите осомничени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жена од тетовско ја нападнала својата 70-годишна…
40-годишна жена од тетовското село Горно Палчиште…
Украина ќе почне да мобилизира жени?
Украинскиот парламент, Врховната Рада ги направи првите…
Продолжен притворот за ќерката која со чекан…
Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд…
БОЛЕСТ! „Телеграф“: Мажи ќе земаат деветгодишни девојчиња…
Ирак се подготвува да ја намали законската…
Сериски убиец во Кенија осомничен дека убил…
Осомничениот сериски убиец Колинс Џумаиси е уапсен…