Притвор за швајцарски државјанин што истакна симбол на „голема Албанија“ пред српското собрание

t

Вишиот суд во Белград им одреди притвор до 30 дена на двајца швајцарски државјани, кои се обвинети за поттикнување национална, расна и верска омраза и нетрпеливост. Обвинетите претходно биле на распит во Вишото јавно обвинителство (ВЈО) поради сомнение дека споменатото кривично дело го сториле на 2 ноември пред Собранието на Србија.

Според кривичната пријава, Бернард Ц. со мобилен телефон го фотографирал Џанфранко В. додека тој со тупаници покажувал двоглав орел, „алудирајќи на симболот на голема Албанија“.

Осомничениот Бернард Ц., кој има државјанство на Швајцарија и на Хрватска, за време на сослушувањето делумно ги признал наводите од кривичната пријава, соопшти српското обвинителство. Се додава дека швајцарскиот државјанин Џанфранко В. се бранел со молчење, односно го искористил законското право да не изнесе одбрана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од ноќеска ново поскапување на дизелот, ова…

Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се…

Костадинов ги повика политичарите на ВМРО-ДПМНЕ од…

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов ги повика…

Велибор Манев пред судот: „Сум манипулиран и…

Обвинетиот Велибор Манев, кој се товари за…

(Видео) Фирма на функционер на ВМРО-ДПМНЕ од…

Лиценца за испитен центар се издава за…

Власта бесрамно се фали со донациите на…

Левица ја оценува како крајно дрска и…