Притвор за 23-годишник од Битола осомничен за полов напад и силување

t

Основното јавно обвинителство Битола до надлежниот суд поднесе предлог за определување мерка притвор против 23-годишник осомничен за две кривични дела – Полов напад и силување од член 186 став 7 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Против него е поведена постапка, бидејќи во два одвоени настани, на 9 септември и на 7 ноември, полово нападнал две млади девојки и започнал да ги допира. Жртвите и во двата случаи успеале самите да го оттурнат и да се ослободат, по што осомничениот бегал од местото на нападот.

Бидејќи се работи за кривично дело против половата слобода и моралот и затоа што постојат околности кои укажуваат дека осомничениот би ги повторувал ваквите напади доколку остане на слобода, надлежниот јавен обвинител предложи определување притворска мерка, која од Судот е прифатена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Силувал 200 жени, па им давал апчиња…

Иранецот, Мохамад Али Саламат, кој беше осуден…

Татко повеќе од една година ја силувал…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…

Притвор за 23-годишник од Битола осомничен за…

Основното јавно обвинителство Битола до надлежниот суд…

Осумнаесет годишник силувал девојка во Кисела Вода

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Е.Д.…

Маж од Гана силувал жена во Македонија

На 26.10.2024 во 22:30 часот во СВР…