Притвор за 25-годишник: Со нож ја нападнал 17-годишната девојка пред ресторан

Полицијата во Белград, го приведоа А.О.(25) поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело нанесување на телесна повреда, соопшти српското МВР.
Осомничениот, според обвинението, се сомничи дека синоќа околу 23.45 часот во Сурчин со нож расекол 17-годишна девојка и ѝ нанел лесна физичка повреда.
Како што пренесоа српските медиуми, во моментот на нападот, жртвата стоела пред ресторанот со нејзината пријателка. Веднаш по извршувањето на кривичното дело, полициските службеници го идентификувале и привеле А.О.
На осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе биде изведен во надлежното обвинителство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жена од тетовско ја нападнала својата 70-годишна…
40-годишна жена од тетовското село Горно Палчиште…
Рано утрово Душко ја фатил за коси…
Рано утринава околу 5 часот српската пејачка…
Осуденик од Идризово со остар предмет нападнал…
На 22.04.2024 во 15.54 часот во СВР…
Притвор за тројца мажи кои претепале две…
Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против…
САД и Британија изведоа нови напади над…
Соединетите Американски Држави и Велика Британија започнаа…