Притвор од осум дена против три лица поврзани со протестите од 5 и 6 јули

t

Мерка притвор во траење од осум дена определи судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје против три лица поврзани со протестите од 5 јули пред Собранитето и од 6 јули кај плоштадот „Скендербег“.

-Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за определување мерка притвор против три лица, поврзани со настаните од 5 јули пред Собранитето на РСМ и од 6 јули кај плоштадот Скендербег, судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, по прозинесување на осомничените во присуство на бранител, донесе решенија со кои го прифати предлогот на обвинителот и на трите лица им определи мерка притвор во траење од осум дена, согласно предлогот за водење истрага во скратена постапка, соопшти Основен кривичен суд Скопје.

Судот смета дека се исполенти условите од член 470 ст.1 т.1 и 2 односно дека постои опасност од бегство и можност осомничените да го повторат кривичното дело. Против овие неправосилни решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет на овој суд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Поранешниот германски министер со партнерот ги…

Михаел Рот, поранешен државен министер на Германија…

Полицијата објави хронологија: Убиствата извршени за 30…

Вршителот на должноста директор на Полициската управа…

Сè повеќе израелски војници вршат самоубиства

Дваесет и осум израелски војници извршиле самоубиство…

Нов влажен бран доаѓа во Македонија: Подгответе…

УХМР информира дека под влијание на влажен…

Победникот на „Звездите на Гранд“ во масакрот…

Победникот на шестата сезона на „Звездите на…