„Притисокот и шеќерот не се добри“ – Мрдиќ кој штрајкува со глад е хоспитализиран во Белград
Пратеникот на владејачката Српска напредна партија (СНС) Угљеша Мрдиќ е однесен и е задржан на болничко лекување во Ургентниот центар во Белград откако пред единаесет дена започна штрајк со глад на скалите на Домот на Народното собрание на Србија, објави РСЕ.
Министерот за здравство Златибор Лончар изјави дека животот на Мрдиќ не е во опасност, но дека „првите параметри што беа измерени не се одлични“, односно, дека неговиот крвен притисок и нивото на шеќер во крвта не се добри.
Мрдиќ рече дека сака штрајкот со глад да резултира со апсење од страна на Обвинителството за организиран криминал на поранешниот претседател на Акционерското собрание на Српската железничка инфраструктура, Небојша Бојовиќ, и поранешниот извршен директор на таа компанија, Милутин Милошевиќ, како, според него, најодговорни за падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад на 1 ноември 2024 година, кога загинаа 16 луѓе.
Министерот Лончар рече дека ја моли Дијана Хрка, мајката на едно од починатите деца во Нови Сад, да го прекине штрајкот со глад бидејќи сериозно го загрозува сопственото здравје.
Истиот апел претходно го упати и претседателот на Србија, Александар Вучиќ кон Хрка и кон Мрдиќ.
Хрка штрајкува со глад деветти ден пред Домот на Народното собрание на Србија, во близина на оградата што ја опкружува полициски обезбедуваната шаторска населба на поддржувачи на владата, бидејќи полицијата не ѝ дозволила да штрајкува со глад на скалите од таа зграда.
Таа бара казнување на одговорните за смртта на нејзиниот син и уште 15 луѓе за време на уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, а исто така бара и ослободување на притворените учесници во протестите започнати поради трагедијата и распишување предвремени избори.
Граѓаните се собираат секој ден за да ја поддржат Хрка да истрае во протестот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Притисокот и шеќерот не се добри“ –…
Пратеникот на владејачката Српска напредна партија (СНС)…
Брнабиќ во Киев: Србија ќе ја поддржи…
Претседателката на Народното собрание на Србија, Ана…
Брнабиќ: „Вучиќ е крив“ што Србите сакаат…
Претседателката на Собранието на Србија Ана Брнабиќ…
Тешка сообраќајка во Србија: Еден загинат и…
Едно лице загина, а осум се повредени…
Србија ќе го урива Генераштабот оштетен во…
Српскиот парламент вчера донесе нов закон со…