Пријавени 14 случаи на семејно насилство за само 24 часа
Во текот на изминатото деноноќие, на територија на Македонија регистрирани се вкупно 14 случаи на семејно насилство, при што осум лица се лишени од слобода, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Во Тетово, полицијата го приведе 47-годишниот О.С., откако неговиот 76-годишен татко пријавил долгогодишно семејно насилство. Осомничениот, кој бил под дејство на алкохол (2,14 промили), секојдневно упатувал закани и кршел предмети во домот.
Во друг случај во тетовско, 27-годишен маж бил приведен откако ѝ се заканувал на својата поранешна партнерка пред домот на нејзините родители.
Случаи на насилство се пријавени и меѓу членови на семејства, вклучително и физички напад меѓу браќа, како и напад врз сопруга од страна на сопруг во Прилеп.
Во Кавадарци е приведен 36-годишен маж поради физички напад и закани кон поранешната сопруга, додека во Велес 65-годишник бил приведен поради агресивно однесување и оштетување предмети кон неговата сопруга.
Полицијата интервенирала и во Радовиш, Виница и Скопје, каде се пријавени повеќе случаи на физички напади и закани меѓу членови на семејството, вклучително и случаи на насилство врз партнерки.
Дополнително, на автопатот Градско–Велес, приведен е 48-годишен маж од Скопје, кој во своето возило физички ја нападнал својата партнерка.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на сите случаи ќе следуваат соодветни кривични или прекршочни пријави.
Надлежните апелираат до граѓаните да пријавуваат семејно насилство, потенцирајќи дека навремената реакција е клучна за заштита на жртвите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пријавени 14 случаи на семејно насилство за…
Во текот на изминатото деноноќие, на територија…
ЗНАМ демантира дека децата биле „принудени“ да…
Движењето ЗНАМ за Наша Македонија ги отфрла…
Иран со одговор до Трамп: Ормуската Теснина…
Иран одговори на ултиматумот од американскиот претседател…
Кривична за поранешниот градоначалник на Кичево, Дехари…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР…
(Видео) СДСМ: Деца силно пејат песна за…
Нов скандал, злоупотреба на деца за политички…