ПРИЈАТЕЛИТЕ НЕ ГИ ДЕЛИМЕ ПО БОЈА И ПО ПРИПАДНОСТ: Битола го одбележа Меѓународниот ден на Ромите
Во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на Ромите, Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ одржа настан насловен „Биди и ти како …“
Во организација на Здружението „Ромска ѕвезда“, денеска на плоштадот Магнолија, во Битола се одржа културно – забавна програма со голем број учесници во раки на одбележувањето на Меѓународниот ден на Ромите.
Настанот го отвори, градоначалникот Тони Коњановски.
– Битола е мултикултурна, мултиконфесионална. Овде пријателите и луѓето не ги делиме ниту по боја, ниту по политичка припадност. Имаме свои пријателства уште од рано детство, но и нови кои секојдневно ги стекнуваме. Како општина, правиме се да ги подобриме условите и за овие наши сограѓани, како во делот на инфраструктурата, така и во делот на образованието, да спречиме сегрегација и меѓусебни поделби, односно, она што мојата генерација го имаше некогаш, да се биде со своите другари во исто одделение, тоа треба и понатаму да го промовираме, зошто само заеднички можеме градот да си го промовираме во најдобро светло – рече Коњановски.
Во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на Ромите, Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ одржа настан насловен „Биди и ти како …“ на кој присуствуваа млади Роми, но и од други националности, кои дадоа пример за меѓусебното дружење, а беше организиран и фудбалски турнир на машки и женски екипи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…
Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…
Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…
Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…
Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…
Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…
Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…