При крај е процесот на евалуација на понудите за изградба на “Чебрен”

t

Развивањето на пазарите, за да можат да ги следат промените, е можно само преку креирање на овозможувачка и поттикнувачка средина, кажа во воведното обраќање вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на отворањето на МЕФ енергетскиот форум во Скопје. Според него нашата држава е лидер во регионот со донесените и веќе имплементирани закони и подзаконски акти, кои се целосно усогласени со Европската енергетска Заедница, со кои е овозможена либерализација на енергетскиот пазар.

-Со усогласување на енергетските политики, современите енергетски технологии и мобилизирање на финансии, го отвораме патот за одржлива и просперитетна енергетска иднина која ги ублажува климатските промени, ја подобрува енергетската безбедност и го поттикнува економскиот раст. Сите политики и мерки на Владата, со кои креираме подобра енергетска иднина на земјата, се фокусирани на, изградба на нови капацитети на базна енергија и истовремено производство на енергија од обновливи извори, истакна вицепремиерот.

Тој додаде дека во однос на производството на базна електрична енергија, при крај е процесот на евалуација на понудите за изградба на најголемиот извор од хидро капацитетите за проектот „Чебрен“, со проценета вредност на инвестиции од милијарда евра и предвиден капацитет на производство на базна енергија од 300 – 330MW.

Истовремено, со зголемен интензитет растат јавните и приватни инвестиции во обновливи извори на енергија. Во последните 2 години во државата има инсталирано и ставено на мрежа повеќе од 207MW фотоволтаични централи. Дополнително на ова, нашите политики привлекоа приватни инвестиции од повеќе од милијарда евра, кои во наредниот период ќе изградат капацитет од над 1GW, заклучи Битиќи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На „Табановце“ зголемена фреквенција на возила и…

На граничниот премин Табановце за излез и…

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…