При претреси во Скопје пронајдена дрога, приведени се тројца дилери

t

На 10.10.2024 во 22.30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Т.(36) од Скопје. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја, соопштија од МВР.

На 11.10.2024 во 00.30 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Т.(52) од Скопје. По добиена судска наредба, извршен е претрес во домот во кој престојува на подрачјето на Кисела Вода, во неговото возило „тојота“, како и во подрумските простории кои лицето ги користи, при што биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, кафеава прашкаста материја, семки од растението канабис, различни видови таблети и две дигитални ваги.

Денеска (11.10.2024), полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода и Џ.А. од Скопје. По претходно добиена судска наредба, беше извршен претрес и во неговиот дом на подрачјето на Гази Баба, при што беа пронајдени и одземени неколку тегли и неколку други пакувања со марихуана и дигитална вага.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави до ОЈО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од ноќеска ново поскапување на дизелот, ова…

Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се…

Костадинов ги повика политичарите на ВМРО-ДПМНЕ од…

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов ги повика…

Велибор Манев пред судот: „Сум манипулиран и…

Обвинетиот Велибор Манев, кој се товари за…

(Видео) Фирма на функционер на ВМРО-ДПМНЕ од…

Лиценца за испитен центар се издава за…

Власта бесрамно се фали со донациите на…

Левица ја оценува како крајно дрска и…