Прогласен е за виновен Американецот кој уби 11 Евреи во синагога
Американецот кој уби 11 верници во синагога во Питсбург во 2018 година, е прогласен за виновен од поротата во американската сојузна држава Пенсилванија.
Судењето на Роберт Бауерс (50) сега влегува во фаза на изрекување казна, а судот е подготвен да одлучи дали тој треба да биде осуден на смрт.
Нападот на 27 октомври во синагогата „Дрво на животот“ беше најсмртоносниот антисемитски напад во историјата на САД. Бауерс се изјаснил за невин по сите 63 точки од обвинението против него. Поротата го прогласи за виновен по сите обвиненија, објавија локалните медиуми.
Во текот на тринеделното судење, обвинителите повикаа 60 сведоци кои се обидоа да докажат дека мотивот за нападот е омраза кон Евреите.
Адвокатите на Бауерс не повикале сведоци и не негирале дека тој е одговорен за нападот, но тврделе дека мотивот е замислена омраза кон имигрантите и еврејската непрофитна група, а не еврејскиот народ.
Според американскиот федерален закон, за да може поротата да изрече смртна казна, обвинителите мора да докажат дека Бауерс бил мотивиран од расна омраза или дека ги убил за да ги спречи да ги изразат своите религиозни убедувања.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД се налутија: Косово ги загрозува можностите…
Соединетите Американски Држави оценија дека со континуираните…
САД ѝ се заканија на Турција со…
Помошникот на шефот на американското Министерство за…
Ние кога? САД инвестираат 2,2 милијарди долари…
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден објави…
САД: Неонацистичка група има намера да се…
Предизборната кампања во САД се соочи со…
САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…
Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…