Продажба на книги во Финска кои негираат постоење на Украина
Во Хелсинки, книжарницата Русланија, која е главен дистрибутер на руски книги и филмови, објави книги кои го негираат постоењето на украинската држава. Директорот на Русланија, Андреас Агопов рече дека книжарницата останува „надвор од политиката“ и ќе продолжи да дистрибуира книги „без спротивставени ставови и позиции“, објави Euromaidan Press.
На веб-страницата на продавницата е презентирана литература која ги оправдува воените дејствија на Русија во Украина и ја негира можноста за постоење на независна украинска држава. Меѓу другото, се продаваа книгите „Експеримент Украина – Недоразбирање што трае еден век“, „Украина – Но, дали Украина? – земја со ненаучени лекции“, „ДеНАЦИфикација на Украина“ и многу други. Во книгите Украинците се обвинети за нацизам, повикувајќи на „денацификација“ на Украина и испраќање на украинското население во логори, објави yle.fi.
Директорот на Русланија, Андреас Агопов, објасни дека таквите публикации „најмногу ги купуваат професионалци кои се обидуваат да откријат што пишуваат луѓето од спротивставените воени логори“.
„Нашата идеја е литературата, учебниците, другите книги и периодични списанија да останат достапни без цензура. На овој начин, секој што сака да ја прошири својата перспектива може да го стори тоа. Русланија останува надвор од политиката. Дистрибуираме книги со спротивставени ставови и позиции“ – рече Агопов.
Прашан дали Русланија ќе преземе какви било мерки против литературата што содржи реторика на омраза, Агопов рече:
„Ние не сме извршно тело на цензура. Во Финска книгите се сметаат за екстремистички и се повлекуваат од продажба само со судски налог.
Кимо Нуотио, професор по кривично право на Универзитетот во Хелсинки и водечки специјалист на Институтот за криминологија и правна политика, смета дека случајот со ширењето на антиукраинската пропаганда во Финска е тежок од правен аспект.
„Поттикнување омраза е казниво дело, особено од гледна точка на меѓународното право, но во Финска … ова законодавство не се применува за ситуации надвор од земјата. Од друга страна, бидејќи таквата литература се дистрибуира во Финска, теоретски поврзани прекршоци може да се гонат според финскиот закон. Овие прекршоци се поврзани со украинското население кое живее во Украина, а не во Финска. Затоа е тежок случајот. Во случаите на кривични дела поврзани со слободата на говорот на интернет, да се поведе постапка или не, одлучува јавниот обвинител, вели Нуотио.
Професорот по руска култура и литература на Универзитетот во Хелсинки, Томи Хатунен, смета дека продавачот мора да се придржува до етичките принципи во сопствените активности.
„Кога станува збор за вакви публикации, продавачот би можел сериозно да размисли колку е етички во ситуација кога Русија води криминална војна во очите на меѓународното право и убива цивили во Украина, да се дистрибуира таква литература – во Русија или во странство. Дали постојат морални и етички принципи кои можат да ја оправдаат продажбата на такви публикации во очите на клиентите?“, вели Хатунен
Од Русланија претходно и се бараше да повлече дел од асортиманот од продажба. Според Андреас Агопов, од почетокот на војната во Украина, продавницата добила околу десет барања за отстранување на одредени публикации од каталогот.
„Ако ги тргнеме од полиците сите книги што некому не му одговараат, ќе моравме да одбиеме да ги продадеме повеќето изданија“, рече директорот на „Русланија“.
Според Yle, продавницата се соочила со слични жалби и порано, особено во 2014 година, по анексијата на Крим, некои корисници на социјалните мрежи се пожалија дека Руслана продава книги што ја оправдуваат руската политика.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин ќе ги смирува Туpција и Сиpија:…
Организирањето на средба меѓу претседателите на Турција…
Русија прогласи вонредна состојба во Курск
Русија прогласи вонредна состојба во пограничниот регион…
Американскиот Стејт департмент ја осуди блокадата на…
Стејт департментот набљудува како руските власти постојано…
Кандидатот за потпpетседател на Тpамп: Амеpика не…
Тврдењата на актуелните американски власти за наводна…
ЕУ: Украина има законко право да се…
Портпаролот на Европската унија, Петер Стано, коментирајќи…