Објавено на:

Продолжен притворот за Тачи и Весељи во Хаг

t

Специјализираните совети на Косово во Хаг им го продолжија притворот на поранешните водачи на ОВК Хашим Тачи и Кадри Весељи, обвинети за воени злосторства на Косово и во Албанија, за уште два месеци.
Во одлуката на судот се наведува дека расправата уште еднаш утврдила дека постои основано сомнение дека Тачи и Весељи ги сториле кривичните дела наведени во обвинението.
„Постои ризик обвинетиот доколку биде пуштен од притвор да се меша во работата на судот, да влијае на сведоци или да го повтори делото“, се наведува во одлуката.


Советот го отфрли ризикот од бегство на обвинетиот како причина за продолжување на притворот.
Како и во претходните 14 одлуки за продолжување на притворот, судиите утврдија дека Тачи уште пред апсењето, есента 2020 година, „се обидел да го поткопа судот“ и дека „нудел привилегии на лица поканети од Обвинителството“.
Во одлуката, советот меѓу другото нагласи дека е утврдено дека Тачи неодамна во судски притвор „на посетителите им ги пренел информациите добиени при сведочењето на заштитените сведоци“.
Како што пишува во одлуката, Тачи „на посетителот му дал упатства за идниот сведок на обвинителството за формата и содржината на неговото претстојно сведочење“.


„Таквото однесување го поддржува и го зајакнува заклучокот на советот дека ослободувањето на обвинетиот би создало ризик од попречување на судењето“, се вели во одлуката.
Што се однесува до Весељи, судиите посочија дека тој, како и Тачи, „продолжува да игра значајна улога во Косово врз основа на неговите претходни позиции“ и дека додека бил на чело на разузнавачката служба ШИК, нејзините агенти „биле вмешани во заплашувањето на сведоци“.
Комисијата, исто така, заклучи дека постои ризик Тачи и Весељи уште еднаш „да извршат злосторства против оние кои се претставени како противници на ОВК, вклучително и сведоци“.
Тачи и Весељи се во судски притвор во Шевенинген од ноември 2020 година, кога беа уапсени на Косово. Ним им се суди заедно со Реџеп Сељими и Јакуп Красниќи.
Обвинението ги товари Тачи (55), Весељи (56), Сељими (52) и Красниќи (73) за злосторства извршени во 42 нелегални притвори на ОВК во Косово и Албанија против најмалку 407 притвореници, од кои најмалку 98 биле убиени, од март 1998. до септември 1999 г.


Тачи, Весељи, Сељими и Красниќ се обвинети во 10 точки од обвинението за: прогон на политичка и етничка основа, затвор, незаконско апсење и притвор, други нехумани дела, сурово постапување, тортура (две точки) и убиство (две точки). Тие злосторства се оквалификувани, во шест точки, како злосторства против човештвото, а во четири точки, како воени злосторства.
Четворицата обвинети беа уапсени на Косово на 4 и 5 ноември 2020 година.
Во првото појавување пред судот, од 9 до 11 ноември истата година, сите тие се изјаснија дека не се виновни за делата во обвинението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија во паника: Обвинителите од Хаг на…

Истражниот тим и обвинителот на Меѓународниот кривичен…

Хаг започна да ги истражува можните воени…

Меѓународниот кривичен суд (МКС) ќе се приклучи…

Меѓународниот суд на правдата во Хаг соопшти…

Меѓународниот суд на правдата во Хаг (МСП)…

(Видео) Тачи: Бугарите ќе бидат трети по…

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи синоќа во…