Продолжен притворот за четворицата осомничени за пожарот во Трубарево

t

Скопје – Кривичниот суд Скопје денес соопшти дека за нови 48 часа е продолжен притворот на сите четворица осомничени во постапката за пожарот во Трубарево.

Скопското обвинителство поведе постапка против нив поради основано сомнение дека учествувале во извршување на кривично дело – Загрозување на животната средина и природата. Претходно, судијата на претходна постапка им одреди краткотраен 48-часовен притвор за обезбедување докази.

„Нивните конкретни дејствија се уште се испитуваат, а се истражува и потенцијална одговорност и на други лица“, се наведува во соопштението на Кривичниот суд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Продолжен притворот за четворицата осомничени за пожарот…

Скопје – Кривичниот суд Скопје денес соопшти…

Квалитето на воздухот во Трубарево во рамки…

Министерството за животна средина и просторно планирање,…

Извршен увид по пожарот во Трубарево

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…

ЦУК: Пет активни пожари на отворен простор…

На ден 16.09.2025 година, до 20:00 часот…

ИЈЗ: Нема радиоактивност во воздухот и почвата…

Институтот за јавно здравје изврши вонредно испитување…