Продолжува комисиската расправа за избор на Јовески за уставен судија

t

Во собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска треба да продолжи дебатата предлогот јавниот обвинител Љубомир Јовески да биде уставен судија.

Според информациите од Собранието, останати за збор се уште дваесетина пратеници, главно од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Двајца од предложените Татјана Васиќ Бозаџиева и Фатмир Скендер, кои го поминаа комисискиот филтер, станаа уставни судии откако Собранието во октомври гласаше. Претседателката на Комисијата Марија Георгиевска со издвоено мислење испратено до претседателот на Собранието тогаш предложи пленумот да гласа за овие кандидати за да не се доведеме во ситуација на уставна криза, бидејќи Судот беше без доволен број уставни судии.

За опозицијата ова беше преседан што не смееше да се случи, бидејќи дебатата за сите кандидати треба да заврши па пленумот да гласа.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ на комисиските расправа со долги говори од повеќе часови го одолговлекуваше изборот на уставните судии, а според пратеници од владејачкото мнозинство, тоа веројатно ќе биде така и денеска, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ е против Јовески да биде уставен судија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Интерпелацијата на Љубомир Јовески на собранска седница…

На собраниската седница закажана за 2 ноември…