Продолжува потрагата по лицето кое вчера скокна во Вардар

Продолжува потрагата по лицето кое вчера, рано утрото скокна во Вардар, информираат од ЦУК.
– По направената координација од страна на ЦУК со МВР, ДЗС, Локални самоуправи Гази Баба, Аеродром и Град Скопје, како и Црвен крст, денеска се врши потрага низводно по течението на Вардар во ширина на пресекот на стрјата на речното корито исклучиво од страна на специјализираните единици на МВР, со чамец, заради тоа што густата крајбрежна вегетација не дозволува и ја отежнува визуелната потрага од двете страни на речното корито и затоа тимовите на Црвениот крст и ДЗС денеска не учествуваат во потрагата.
Ако лицето и денеска не се пронајде е планирано утре да се вклучи еден тим од ДЗС, специјализиран за вакви потраги и акции на вода, во пребарување на течението на реката Вардар, од с. Таор кон Велес.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Предложен притвор за шестмина осомничени во акцијата…
Како резултат на вчерашната оперативна меѓународна акција…
Паметните часовници ќе спасуваат животи, отсега автоматски…
Центарот за управување со кризи (ЦУК) продолжува…
ЦУК алармира: Не е безбеден патот меѓу…
РЦУК Скопје известува дека од Општина Карпош…
Еурофарм Пелистер го победи Вардар
Актуелниот македонски машки ракометен шампион, Е. Пелистер,…
Спасен човек во Видовиште: Неподвижен три дена…
Преку Единствениот бројот за итни случаи 112…