Продолжува потрагата по 16-годишното девојче што исчезна во водите на Вардар кај Градско
На местото, како што информираа од Центарот за управување со кризи, се ангажирани тимови на Министерството за внатрешни работи (МВР), Армијата на Република Северна Македонија (АРСМ) и припадници на велешката полиција
Со зголемен број екипи од повеќе институции рано утрово продолжила потрагата по 16-годишното девојче што вчера попладне исчезна во водите на реката Вардар, во близина на селото Уланци, Општина Градско.
Реката Вардар (Илустративна фотографија) / Фото: Википедија
На местото, како што информираа од Центарот за управување со кризи, се ангажирани тимови на Министерството за внатрешни работи (МВР), Армијата на Република Северна Македонија (АРСМ) и припадници на велешката полиција.
„Од рано изутрина, на местото на настанот се ангажирани припадници на МВР, специјалната единица на Армијата ‘Волк’, како и припадници од Полициската станица Велес, со цел продолжување на потрагата. Акцијата се одвива во координација и со зголемено присуство на терен“,
велат од ЦУК.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Продолжува потрагата по 16-годишното девојче што исчезна…
На местото, како што информираа од Центарот…
Трагедија во Грција: Двегодишно дете се задави…
Дете на едвај двегодишна возраст се задавило…
Цеца си го „поправа“ носот – фановите…
Естрадната дива Светлана Цеца Ражнатовиќ повторно ѝ…
Советниците на ВМРО-ДПМНЕ одбија да гласаат за…
Вчера се одржа 70-тата вонредна седница на…
Љубчо Георгиевски до Касами: „Тетово секогаш бил…
ВМРО-Народна партија, предводена од поранешниот премиер Љубчо…