ПРОЕКЦИЈА НА ФИЛМОТ “ШТО Е ТОА ЖЕНА?”
ПРОЕКЦИЈА НА ФИЛМОТ “ШТО Е ТОА ЖЕНА?” ВО СКОПЈЕ –
ДОЈДЕТЕ И ПРОВЕРЕТЕ
Она што од сам старт Коалицијата за заштита на децата и Фондацијата Елеуса го предвидоа е тоа дека филмот “Што е тоа жена?” на Мет Волш ќе предизвика воодушевување кај мнозинството народ, а мал број (транс)родови активисти ќе се обидуваат на секој можен начин да го опструираат прикажувањето и да го девалвираат филмот, – коментираат од Коалицијата за заштита на децата.
Така, деновиве гледаме дека (транс)родовите активисти споделуваат текст од непозната авторка, во кој таа вели дека Мет ги смета за идиоти оние што нема да се сложат со неговиот став.
„За да ја постигне оваа цел, се користи со разни манипулативни тактики, како извртени информации, трик прашања, полувистини и чисти лаги, кои стојат цврсто на стаклени нозе. Всушност, аргументите кои Мет ги изнесува во филмот се потпираат на логичка грешка наречена повикување на здравиот разум” – вели критичарот на филмот.
Но, дали навистина на Мет му се потребни манипулации и лаги за да ги убеди луѓето дека постојат само два пола (машки и женски) и дека жена е возрасно лице родено со женски биолошки пол, или тоа е здраворазумна и објективна вистина што речиси сите ја знаат од најмали нозе?
Ги покануваме сите скопјани на проекцијата на филмот што ќе се одржи овој вторник (18 јули) со почеток во 19:30 ч. во Музејот на железницата, за да погледнете и оцените колку филмот е „манипулативен” и полн со „чисти лаги”. Веруваме во вашата способност самите да одлучите дали ќе се сложите со Мет или со непознатата критичарка.
Од наша страна ви гарантираме добра забава и големи импресии, – додаваат од Коалицијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран истрела 400 балистички ракети, но околу…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека…
Инцидентот со ножеви во Чаир настанал поради…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…
Град Скопје објави јавен повик за субвенции…
Град Скопје објави Јавен повик за доделување…
Трамп закажа средба во Белата куќа со…
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп…
Во Појасот Газа за 24 часа убиени…
Палестинското Министерство за здравство соопшти дека во…