Објавено на:

Пролет и Еурофарм Пелистер без проблеми, Алкалоид чекор поблиску до завршниот турнир во Купот

t

Екипите на Пролет и Еурофарм Пелистер први обезбедија место на завршниот турнир на македонскиот ракометен Куп, откако денеска не дозволија изненадувања на дуелите на кои беа големи фаворити.  На еден чекор до ваков резултат се и Вардар и Алкалоид.

Пролет прв го завери пласманот во следната фаза со триумфот над вториот тим на Еурофарм Пелистер со 30:26, а потоа и првиот тим на Пелистер очекувано без проблеми го совлада Тиквеш. Битолчани славеа со 36:30 и повторно ќе имаат можност да се борат за престижниот трофеј на завршниот турнир.

Драматичен финиш одиграа Алкалоид и Бутел, а со гол во последните секунди на Серафимов, новиот суперлигаш славеше со 25:24 и во финалето денес на својата група ќе се бори за пласман на завршниот куп турнир.

Противник на Алкалоид ќе му биде Вардар Неготино, додека шампионот Вардар 1961 ќе биде голем фаворит против Скопје во својата група.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…

Аташето за култура и образовани на САД…