Промена во цената на горивата, дизелот поскапува
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 08.02.2023 година и со тоа
малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 81,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 83,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 08.02.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 76,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 08.02.2023 година и со тоа малопродажната цена на
Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 75,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,786 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 08.02.2023 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 42,197 ден/кг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се намалува ценaта на бензините и на…
Од ноќеска на полноќ малопродажните цени на…
Од полноќ поевтинува дизелот
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од…
Значително поскапување на дизелот по полноќ!
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и…
Добра вест: Горивата поевтинуваат за два денари
Цената на горивата од ноќеска на полноќ…
Спречен обид за шверц на 50 тони…
Царинските службеници на Ќафасан спречиле обид за…