Пронајдена рaчнa бoмбa во близина на Дебар

t

Покрај регионалниот пат Дебар-Струга, во близина на Дебар, вчера, пронајдена е рачна бомба, која е безбедно подигната од надлежните, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи – Охрид.

– „Вчера околу 9:30 часот во Одделението за внатрешни работи во Дебар пријавено е дека, покрај регионалниот пат Дебар-Струга, во близина на Дебар, била пронајдена рачна бомба. Увид на местото извршија екипи од ОВР Дебар и Дирекцијата за заштита и спасување од Тетово, по што, бомбата е безбедно подигната од претставници на Дирекцијата“ – Изјави Димоски.

На крајот од септември, на крајбрежјето на Дебарското Езеро, кај месноста наречена „Венец“ беа пронајдени две неисправни минофрлачки гранати и една рачна бомба од Втората светска војна, додека неколку дена претходно, исто така во близина на Дебарско Езеро беа откриени седум рачни бомби од Втората светска војна.

Сите експлозивни направи беа безбедно подигнати од претставници на ДЗС за понатамошна постапка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Орбан е сигурен: Војната во Украина ќе…

Вооружениот конфликт во Украина ќе заврши во…

Две лица пукале кон полицијата во Дебар

– Вчера во 23.40 часот, полициски службеници…

Жител на Дебар украл мотор од двор…

Крадец од Дебар украл мопед од куќа…

Најстудено во Берово и Попова Шапка, најмногу…

Најниска темепратура од 9 степени Целзиусови утрово…

Таравари назначи директорка со кривична пријава за…

Министерот за здравство Арбен Таравари за директорка…