Објавено на:

Пронајдени две безживотни тела во куќа во Зајечар! Соседите велат дека таму живеел постар маж и неговиот син

t

Две безживотни тела се пронајдени во семејната куќа на улицата Ѓердапска во Зајечар, во близина на училиштето „Љубица Радосављевиќ Нада“.

Соседите сведочат дека таму живеел постар човек и неговиот син, пренесуваат српските медиуми.

Полицијата дошла околу 19 часот и 30 минути на повик на првите соседи кои пријавиле непријатна миризба која доаѓа од соседната куќа.

На местото на настанот веднаш пристигнале екипи на полицијата, крим-техника, а околу 22.00 часот телата се пренесени на обдукција.

Истрагата ќе покаже кога и како настапила смртта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пронајдени две безживотни тела во куќа во…

Две безживотни тела се пронајдени во семејната…