Пронајдени пиштоли, муниција, дрога – претрес во тетовска Мала Речица

t

По претходно преземени мерки и активности, на 20.10.2023 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи во координација со полициски службеници од Оделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово, извршен е претрес на дом и други простории кај лицата А.Џ.(25) и Ф.Џ.(26) двајцата од Мала Речица, при што биле пронајдени еден пиштол „Застава” кал. 7,62мм со една рамка со два куршума, еден пиштол „Зораки” 917-Т со рамка без муниција, 23 куршуми разновиден вид и калибар, 35 куршуми калибар 7,62мм, една ќеса со тревкаста материја, една дигитална вага и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја, информираат од МВР.

Во координација на јавен обвинител, против лицата ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 и 396 од Кривичниот законик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…

(Видео) Крмов: Имаме скржава власт која одвои…

Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седницата…

Сите на одмор: На „Табановце“ и „Богородица“…

На граничните премини „Табановце” и „Богородица”, времето…