Објавено на:

Во Бразил пронајдени телата на британски новинар и староседелец

t

Денеска се пронајдени телата на британскиот новинар Дом Филипс и експертот староседелец Бруно Переира, кои исчезнаа пред повеќе од една недела во амазонската џунгла, пренесува бразилскиот портал G1, повикувајќи се на сопругата на Филис.

Претходно во неделата беше пронајдена облека на Переира, со лична карта на негово име, како и ранец со облека на Филипс и чизмите на двајцата мажи.

Властите сè уште не потврдиле дека нивните тела се пронајдени, информира Г1.

Сведоци рекле дека ги виделе Переира и Филипс, хонорарец кој пишувал за Гардијан и Вашингтон пост, како патуваат по реката на 5 јуни.

Двајцата мажи тргнале на новинарска задача во оддалечена област на џунглата на границата на Бразил со Перу и Колумбија, каде што се има најмногу нерегистрирани припадници на домородните народи.

Во таа област има многу банди кои шверцуваат кокаин, а е преполна и со шумски крадци и ловокрадци и диви рудари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британец и неговата сопруга пpетеpале мигрант со…

Брачниот пар е обвинет за расистички напад…

ПРОЕКТИЛ ПОГОДИ БРОД НА БРИТАНСКАТА МОРНАРИЦА!

Британската кралска морнарица во неделата соопшти дека…

Британија размислува за испраќање војници во Украина?

Британската војска прави планови за непредвидени распоредувања…

Во Британија издадоа предупредување за многу заразна…

Здравствените експерти во Британија издадоа предупредување за…

Истражување: Милиони Британци овој Божиќ ќе мора…

Домаќинствата ќе бидат принудени да ги намалат…