Пронајдени 20 мигранти на автопатот Гевгелија-Скопје: Возачот избегал
На автопатот Гевгелија – Скопје, после клучка Смоквица, изутрината во 02.10 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица, во товарно возило „цитроен џампер“ со кумановски регистарски ознаки пронашле 20 мигранти.
Како што информираа од МВР, полициските службеници дале знак за запирање на товарно возило „цитроен џампер“ со кумановски регистарски ознаки, при што возачот го напуштил возилото.
– При преглед во возилото биле пронајдени 20 лица мигранти (18 лица од Конго, 1 лице од Камерун и 1 лице од Авганистан). Мигрантите биле сместени во прифатно-транзитен центар за понатамошна постапка, а за настанот бил известен јавен обвинител, се наведува во соопштението.
По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Република Српска не го прифаќа британскиот план…
Премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ, изјави…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Нови детали: Трамп ќе им плаќа на…
Американскиот Стејт департмент објави дека доделил 250…
Блумберг: ТРАМП ВРШИ ПРИТИСОК БРЗ БАЛКАНСКИТЕ ЗЕМЈИ…
Администрацијата на претседателот Доналд Трамп врши притисок…
Human Rights Watch со апел до ЕУ…
Human Rights Watch Однесувањето на Босна и…