ПРОНАЈДЕНО Е ТЕЛО НА МЛАД МАЖ: Се извлекува од канал на хидросистемот „Брегалница“

t

Тело на машко лице е пронајдено денеска доцна попладне во десниот магистрален канал од хидросистемот „Брегалница“, на потегот меѓу селата Истибања и Оризари.

По добиеното известување, вработените во водостопанската подружница од Кочани го запрea дотокот на вода од браната Калиманци, за да може телото на удавениот да се извлече од каналот.

Според сè уште непотврдени информации се работи за 29-годишно машко лице од Истибања.

На местото на настанот се присутни стручни екипи од полицијата и од Основното јавно обвинителство од Кочани, кои треба да направат увид и да го потврдат идентитетот на настраданиот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…

Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…

Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…

Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…

Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…

Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…

Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…

МАКЕДОНИЈА НА УДАР ОД ГЛОБАЛНИТЕ КРИЗИ: Како…

Продолжувањето на конфликтите на Блискиот Исток и…