Пронајдено оружје користено при нападот во Бањска во северно Косово
Косовската полиција објави дека денеска во Бањска кај Звечан, во северно Косово, повторно открила оружје, за кое се претпоставува дека се наоѓало таму уште од нападот на српска вооружена група врз косовската полиција на 24 септември минатата година.
Заменикот началник на полицијата на Косово за северниот регион, Ветон Ељшани изјави за медиумите дека во денешната акција, меѓу другото, се пронајдени авотматска пушка, куршуми и друга воена опрема.
„Денеска во текот на денот извршивме дополнителна проверка во хотелот ‘Рајска Бања’ и најдовме два панцири, (автоматска пушка) АК-47, осум рамки со куршуми и друга воена опрема. Се верува дека овие материјални докази биле таму уште од случајот Бањска“, изјави Ељшани.
Ова не е првпат полицијата во тој дел од Косово, населен со мнозинско српско население, да открие оружје за кое се претпоставува дека е користено во минатогодишниот напад.
Комплексот „Рајска бања“ беше преземен на управување од државата на крајот од минатата година. Тој беше функционален до неговото преземање од страна на Косовската агенција за приватизација (АКП). Отворањето на хотелот во Бањска го изврши Марко Ѓуриќ, тогашниот директор на Канцеларијата за Косово при Владата во Белград, кој сега е министер за надворешни работи на Србија.
Врз основа на фотографиите кои ги објави веб-страницата на оваа бања, таму престојувале и поранешната премиерка на Србија, Ана Брнабиќ и функционери на најголемата партија на косовските Срби, Српската листа, која е отворено поддржана од властите во Белград. АКП соопшти дека објектот е реновиран без дозвола и дека е сопственост на социјалното претпријатие „Трепча Стандард“.
На 24 септември минатата година, десетици вооружени Срби ја нападнаа косовската полиција во Бањска, убивајќи го полицаецот Африм Буњаку. Во полициската акција што уследи беа убиени и тројца од српските напаѓачи. Одговорноста за терористичкиот напад ја презеде поранешниот потпретседател на Српската листа, Милан Радоичиќ, за кого се верува дека е засолнет во Србија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пронајдено оружје користено при нападот во Бањска…
Косовската полиција објави дека денеска во Бањска…
Османи распиша парламентарни избори во Косово
Косовската претседателка Вјоса Османи најави редовни парламентарни…
Османи: Изјавите на портпаролот на Европската Унија…
Косовската претседателка смета дека евентуалните разговори со…
Ветеран на ОВК: Блерим Рамадани е овде…
Откако поранешниот припадник на ОВК, Бљерим Рамадани,…
Османи бара отворање на мостот на Ибар:…
Косовската претседателка Вјоса Османи денеска изјави дека…