Објавено на:

Пронајдено телото на Хамнеи?!

t

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов и неговото тело е пронајдено, изјави за Ројтерс висок израелски функционер. Високи израелски функционери изјавија за неколку медиуми дека ајатолахот е мртов, но нема официјална потврда од Иран. Според израелските медиуми, неговото тело е пронајдено во урнатините на палата.

Израелскиот Канал 12, исто така, објави дека на премиерот Бенјамин Нетанјаху наводно му била презентирана документација за телото на Хамнеи. И покрај овие тврдења што доаѓаат од Израел, нема официјална реакција или потврда од Техеран за судбината на врховниот лидер.

„Непријателот посегнува по ментална војна, сите треба да бидат свесни“, рече раководителот за односи со јавноста во канцеларијата на иранскиот врховен лидер, според иранските државни медиуми.

Резиденцијата на врховниот лидер е уништена
Иранската новинска агенција Тасним утрово објави дека седум ракети погодиле област во близина на претседателската палата и комплексот на врховниот лидер во Техеран. Сателитските снимки открија дека резиденцијата на ајатолахот е целосно уништена во нападот. Иран: Врховниот лидер и претседателот се живи и здрави по нападот
Иранското Министерство за надворешни работи пред неколку часа објави дека Врховниот лидер и претседателот на земјата се живи и здрави, откако се појавија информациите за нападот врз комплексот во Техеран. „Сите се безбедни и неповредени“, изјави портпаролот на министерството.

Израелскиот премиер Нетанјаху го повика иранскиот народ да ја искористи можноста за соборување на режимот, тврдејќи дека ајатолахот Хамнеи можеби повеќе не е жив.

Кој е Али Хамнеи?
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, една од највлијателните личности на Блискиот Исток, го има последниот збор за сите клучни политики, е врховен командант на вооружените сили и ја контролира Револуционерната гарда.

Хамнеи е роден во 1939 година во Машхад, втор по големина град во Иран, во семејство на свештеник. Таму добил религиозно образование, по што се посветил на политички активизам против Шахот, монархот кој владеел со земјата до Исламската револуција во 1979 година. Во текот на 1960-тите, тој бил во егзил и се вратил дури по соборувањето на Шахот.

Тој беше близок соработник на водачот на револуцијата, ајатолахот Рухолах Хомеини, и брзо се искачи во државната хиерархија. Откако други клучни политички личности беа убиени во атентати, а самиот Хамнеи преживеа напад во кој му беше парализирана десната рака, тој стана претседател на Иран на изборите без противник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пронајдено телото на Хамнеи?!

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е…

Се огласи Трамп: Сега имам две опции

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека има…

Претседателката Сиљановска-Давкова го свика Советот за безбедност

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска –…

Немаме многу време: Да донираме за лекување…

10-годишната Ева е девојче кое се бори…

WSJ: Цените на нафтата драматично ќе се…

Стравувањата од ескалација на конфликтот на Блискиот…