Пронајден возачот на мопед кој удри дете во Бутел и избега!

Во врска со видеото кое беше објавено на социјалните мрежи на кое се гледа мопед како удира дете и го напушта местото на настанот, Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се преземени соодветни мерки и активности и возачот е пронајден и против него ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка. Настанот се случил на 02.04.2025 во 14.05 часот на крстосница од ул.”Ферид Бајрам” и ул.”Алпи” во Скопје кога мопед удрил осумгодишно дете и го напуштил местото на настанот, а на детето му се констатирани телесни повреди во ГОБ “Св. Наум Охридски”.
По преземени мерки, полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа возачот Ч.Т. (63) од Скопје и против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.297 од КЗ за загрозување на безбедноста на сообраќајот, чл.297А од КЗ за безобзирно возење и чл.301 од КЗ за неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода, по брза постапка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пронајден возачот на мопед кој удри дете…
Во врска со видеото кое беше објавено…
(Видео) Обид за провокација и предизвикување на…
Обид за провокација во Бутел за време…
Гори барака во скопската населба Бутел 1
Кровна конструкција на барака гори на улицата…
Сообраќајка во Бутел, се судрија две возила
Сообраќајка на раскрсница во скопската населба Бутел…
Костовски од Бутел потрошил, речиси, 27 000…
Костовски од Бутел потрошил, речиси, 27 000…