Објавено на:

Пронајден кокаин, неиздавање фискални сметки- акциска контрола на угостителски објекти во скопската чаршија, Центар, Илинден, Драчево…

t

Синоќа (05/06.03.2022) полициски службеници од Бирото за јавна безбедност-Оддел за криминалистичка полиција во координација со Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи спроведоа акциска контрола во 18 ноќни клубови и останати угостителски објекти во Скопје. При тоа, во еден ноќен клуб е пронајден кокаин кај Н.Г. (19) и против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик.

Од страна на Управата за јавни приходи се изречени санкции кон 16 објекти, во кои се констатирани различни неправилности: неиздавање на фискални сметки, неевидентиран промет, а дел од објектите воопшто немале регистрирано правно лице.

Од страна на Државниот пазарен инспекторат изречени се санкции за осум објекти, а два објекта се запечатени.

Исто така од страна на МВР ќе следат соодветни поднесоци и затоа што во два ноќни клуба се затекнати малолетници по 24 часот Акциските контроли продолжуваат и во наредниот период.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…