Објавено на:

Пропадна првата мерка за соживот на Ковачвски и Петков: Тргнати од продажба билетите од авиолинијата Скопје-Софија

t

Бугарската авиокомпанија „Гуливер“ престана да продава карти за летот Софија-Скопје од 21 мај, објави специјализираниот авионски портал „Екс Ју Авијација“.

САКАМДАКАЖАМ.МК провери на сајтот на „Гуливер“ за онлајн продажба на карти каде покажува дека летовите од 21 мај натаму се распродадени, што е чудно, бидејќи денешниот лет беше со седуммина патници, а претходно, според наши извори од Скопскиот аеродром се случувало да има и летови со двајца-тројца патници, помалку од екипажот во авионот.

Засега е нејасно дали се укинува летот, бидејќи нема објаснување од бугарската авиокомпанија, која престана да продава карти и за Тирана. Скопје и Тирана беа единствените странски дестинации на „Гуливер“. „Гуливер“ го одржуваше летот Софија-Скопје со турбопропелерски авион АТР 72-600, кој е со капацитет од 65 седишта Летовите беа во понеделник и сабота, во 5 часот наутро.

Авиолинијата Скопје-Софија беше најавувана како голем проект од бугарскиот премиер Кирил Петков, како прва од мерките за градење доверба меѓу двете земји. Во јануари, тој кажа дека авиолинијата ќе биде компромис од бугарската страна во преговорите со Македонија, бидејќи тие ќе ја финансираат.

„Бугарија може да биде иницијатор за стартување на линијата Софија-Скопје. Компромисот е кој ќе ја организира, тој и да ја финансира таа линија“, кажа тогаш Петков. Авиолинијата почна да функционира пред месец дена со редовни летови, а во февруари го имаше првиот лет, со министрите за транспорт и врски на двете земји Благој Бочварски и Николај Сабев и со бугарски туроператори.

Ова е четврти обид да се воспостави редовна авиолинија меѓу главните градови на Македонија и Бугарија, а претходните три беа неуспешни поради мал број на патници.

Првите летови меѓу Скопје и Софија почнаа есента 1992 година, кога авиокомпанијата „Хемус Ер“ леташе со Лет Л-140, кој собира 18 патници. Подоцна се леташе со поголемите авиони Јаковлев Јак-40 и Тупољев Ту-140, бидејќи ја користеа патници од Косово за врзаната линија Софија-Осло. Но, по неколку години интересот се намали и летовите запреа.

По влезот на Бугарија во ЕУ, во декември 2007 година беше обновена линијата Софија-Скопје. Овојпат леташе „Бугарија Ер“, трипати неделно со АТР-42, со капацитет од 40 патници, по цена од 49 евра. Но, и овие летови не успеаја да привлечат доволно патници и повторно беа укинати.

Претпоследниот обид да се востанови линијата беше во 2010 година и тоа траеше кратко.

Фото: ТАВ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АХВ: Водата во Скопје е безбедна за…

Инспекциските служби на Агенција за храна и…

Од март директна авиолинија од Скопје до…

Од март ќе биде воведена директна авиолинија…

Унгарскиот МОЛ сака да ја купи рафинеријата…

Унгарската компанија за нафта и гас МОЛ…

БРАВО! Скопјани ќе добијат вода за неколку…

Во завршна фаза се активностите за санација…

Двајца Македонци фатени со 137 килограми марихуана…

Двајца државјани на Македонија се приведени на…