Пропадна првото рочиште од повтореното судење за „Таргет/Тврдина“
Претпладнево започна првото рочиште по враќањето на повторно одлучунвање на предметот „Таргет/Тврдина“ во кој според ОЈОГОКК десетина обвинети лица го организирале прислушкувањето од кое произлегоа „бомбите“ на Зоран Заев.
По овој предмет во првостепена пресуда на судијата Владимир Туфегџиќ, осудителна пресуда со 12 години затворска казна доби екс-директорот на УБК Сашо Мијалков, а казна добија и уште десетина други обвинети меѓу кои и екс-министерката Гордана Јанкуловска.
Оваа одлука пак, пред два месеци од страна на Апелацискиот суд беше укината и вретена на повторно одлучување пред првостеюпениот суд. Нов судија во оваа постапка е судијата Илија Трпков, бидејќи претходниот, Владимир Туфегџиќ се префрли во прекршочниот суд. Илија Трпков беше одлучувачки судија и во предметот „Плацеви на Водно“.
Обвинители во овој предмет се Артан Ајро и Трајче Пеливанов од ОЈОГОКК.
Денешното судење се одложи поради недостапносту на еден од обвинетите, Тони Јакимовски, кој не беше спореведен на рочиштето од страна на КПУ Затвор „Охрид“, поради пропуст на затворот, како што рече судијата Илија Трпков.
Ново рочиште е закажано за утре.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Сведоштва)Грците направиле паралелен систем на прислушкување во…
Паралелен систем на прислушкување на телефонски разговори…
Пропадна првото рочиште од повтореното судење за…
Претпладнево започна првото рочиште по враќањето на…
Морони, парите да ги вратите назад!
И џабе слушаме, еве веќе трета деценија,…
Хаос во судница на судењето на „Плацеви…
Веројатно ако прашате било кој адвокат кој…
Миjaлков и неговите адвokaти позитивни на кopoнавирусот…
Поранешниот директор на Управата за безбедност и…