Пропаѓањето на американски банки нема да влијае на македонскиот банкарски систем, смируваат од НБРМ
Само 6,6 отсто од вкупните обврските на македонскиот банкарски систем се кон странство, а само 5 отсто од побарувањата се од странство, велат од НБРСМ, која внимателно ги следи случувањата по пропаѓањето на Банката на Силиконската Долина
Пропаѓањето на американската Банка на Силиконската Долина (СВБ) нема никакви директни последици за нашиот банкарски систем, со оглед на малата изложеност кон нерезидентите, но и традиционалниот деловен модел заснован врз кредитирање на фирмите и граѓаните, соопшти Народна банка. Оттаму велат дека билансите на нашите банки се исклучително солидни, високо капитализирани и ликвидни и со историски најдобар квалитет на кредитното портфолио. Нашите банки имаат многу мала изложеност кон странство, вклучително и кон американската економија и банки, односно само 6,6 отсто од вкупните обврските на банкарскиот систем се кон странство, а само 5 отсто од побарувањата се од странство. Сепак, поради претпазливост во работењето, Народната банка внимателно ги следи сите случувања
– Според процените на релевантните меѓународни институции, а пред сѐ регулаторите во САД, последните случувања во американскиот банкарски систем не би требало да имаат ефекти врз финансиската стабилност во САД, а оттаму не се очекуваат ниту позначителни глобални преносни ефекти. Банкарскиот систем на САД е високо капитализиран, отпорен и работи на цврста основа, што во голема мера е резултат на реформите по глобалната финансиска криза, кои обезбедија подобри заштитни механизми за секторот. Во прилог на ова оди и брзата реакција и мерките на американските власти, со кои се минимизираат евентуалните системски ризици – децидни се од НБРМ.
Од Централната банка уверуваат дека билансите на нашите банки се исклучително солидни.
– Важно е што нашиот банкарски систем има традиционален деловен модел, што е многу поразлично од деловниот модел на американската банка. Една од клучните причини за нејзиното пропаѓање, се заснова врз висока концентрација и на депозитната база, но и на вложувањата во хартии од вредност (учество од 60 отсто во вкупната актива на СВБ). Нашиот банкарски систем има диверзифицирана и стабилна структура на финансирање во која депозитите учествуваат со 84 отсто во вкупните обврски, а притоа две третини од депозитите се на населението. Овие средства главно се пласираат во кредити на нефинансиските лица коишто учествуваат со 60 отсто во вкупните средства на банките и кои имаат висок квалитет. Од друга страна, учеството на вложувањата на банките во хартии од вредност што се издадени од нерезиденти е минимално и на ниво на банкарскиот систем е под 1 отсто – детализираат од НБРМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одделот за внатрешна контрола не утврди вина…
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска…
Курсна листа на НБРМ: Еве колку чинат…
Согласно курсната листа на НБРМ, денеска средниот…
Курсна листа на НБРМ: Ова е денешната…
Според курсната листа на НБРМ средниот курс…
Курсна листа на НБРМ: Колку чини еврото…
Според курсната листа на НБРМ средниот курс…
Курсна листа на НБРМ: Колку чини еврото…
Според курсната листа на НБРМ средниот курс…