Просветен инспекторат ќе истражува одговорност за приредбата со ученици во униформи на УЧК и пушки

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска најави поведување постапка против раководителите и наставниците од основното училиште „7 Март“ во Челопек поради организирање училишен настан на кој учениците беа облечени во униформи со амблеми на УЧК.
Како што може да се види на сликите и видеото од овој настан, децата носат маскирни униформи и држат реплики на пушки, симулирајќи пукање.
Според Јаневска, ваквиот чин не само што педагошки е неисправен, туку е и нечовечен, неетички, неморален и законски казнив. Вели дека не очекувала дека токму педагози, луѓе кои ја одбрале најблагородната професија, ќе ги учат децата во Македонија да не ја почитуваат сопствената земја, да не ги почитуваат своите сограѓани и ќе индоктринираат милитанство, насилство, омраза.
Министерката во изјава за МИА најави дека утре Државниот просветен инспекторат ќе го посети основното училиште. Ќе се проверува дали има злоупотреба на деца, дали приредбата е дел од наставниот план и кој го одобрил. Таа додаде дека доколку целта била да се шири патриотизам, тогаш требало да има симболи на државата на чија територија се наоѓа училиштето.
Видеото од приредбата е објавено на Фејсбук-страницата на училиштето и истото можете да го погледнете на следниот ЛИНК. Настанот е по повод 28 ноември – Денот на албанското знаме.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
БОМБА ОД МЕЏИТИ: ВО ВЛАДАТА Е ПОСТИГНАТ…
Првиот потпретседател на Владата на Македонија, Изет…
Апасиев: Фала, МИЦКО, брат – Нема Закон…
Фала, МИЦКО, брат, напиша на Фејсбук лидерот…
Заврши распустот – учениците се враќаат во…
За учениците во основните и средните училишта…
Утре продолжува судењето за поранешните водачи на…
Судењето на поранешните водачи на ОВК Хашим…
ДПИ ќе провери дали е постапено по…
Министерката за образование и наука Весна Јаневска…