Објавено на:

Просечната нето плата за мај во Хрватска изнесува 1.451 евро

t

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен кај фирмите за мај изнесувала 1.451 евро, што е номинално повисока за 9,6 проценти, а реално за 5,9 проценти во споредба со мај минатата година, објави во понеделникот хрватскиот Државен завод за статистика, пренесува Н1 телевизија.

Највисоката просечна месечна нето плата исплатена за мај е исплатена во индустријата за воздушен транспорт, во износ од 2.280 евра, а најниската во производството на облека, во износ од 921 евро.

Во мај имало просечно 174 платени часови, што е на исто ниво во споредба со април. Најголем број платени часови имало во водниот транспорт (184), а најмал во социјалната помош без сместување (162).

Просечната месечна платена нето часовна плата за мај изнесувала 8,11 евра, што е за 0,4 проценти повеќе отколку во април и за 13,9% повеќе отколку во мај минатата година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Просечната нето плата за мај во Хрватска…

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен…

Потврден прв случај на антракс кај добиток…

Во Хрватска е потврден случај на антракс,…

Милановиќ: Прашањето помеѓу Бугарија и Македонија е…

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ на средбата со…

Србин објавил фотографија со три прста, Хрватска…

Српски државјанин (23) објавил фотографија од себе…

Во Хрватска задолжителен воен рок од почетокот…

Со очекуваното гласање во хрватскиот парламент, Хрватска…