Просечната плата во декември 43 587 денари, објави ДЗС
Просечната нето плата во декември била 43 587 денари, пресмета и објави Државниот Завод за статистика.Ова е првпат месечната нето плата да ја пробие границата од 43 илјади денари.
Во однос на претходниот месец ноември 2024-та, просечната нето плата е зголемена за 1 588 денари или за 3,8%.
Во однос на декември 2023-та, просечната нето плата се покачила за 9%, додека реалната плата е покачена за 4,4%.
Највисока нето плата е исплатена во воздухопловниот транспорт каде месечниот просек е 136 702 денари или околу 2 200 евра.
Најниска месечна плата добиле вработените во заштитни и истражни дејности во секторот помошни услужни дејности и таа изнесува 25 669, односно за 50 евра повеќе од минималната плата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…
(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…
Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…
Курти по изјавата на Трамп: Треба да…
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…