Просечната плата во септември 45.466 денари

t

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември годинава изнесува 45.466 денари и е за 9,3 отсто повисока во споредба со истиот месец лани.

Според податоците на Државниот завод за статистика, ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование за 14,9 отсто, Дејности на здравствена и социјална заштита за 12,6 и Транспорт и складирање за 11,5 отсто.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Преработувачка индустрија за 3,5 отсто, Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување за 1,8 и Рударство и вадење на камен за 1,1 отсто.

Просечната, пак, месечна исплатена бруто-плата по вработен во септември годинава изнесува 68.392 денари и исто така е за 9,3 отсто повисока во споредба со истиот месец од минатата година.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Образование за 15,1 отсто, Дејности на здравствена и социјална заштита за 12,8 и Транспорт и складирање за 10,6 отсто.

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Преработувачка индустрија за 3,6 отсто, Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување за 1,9 и Рударство и вадење на камен за 1 отсто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Погрешен е впечатокот дека Германија издвојува помалку…

Амбасадорката на Германија, Петра Дрекслер, во интервју…

Битиќи: Предложениот буџет е потрошувачки, 90 отсто…

Констатацијата е дека ова е потрошувачки буџет,…

Филипче: Македонија е на дното во регионот…

На денешната прес-конференција претседателот на СДСМ Венко…

Нема напредок во клучните економски реформи, влошена…

Во однос на економијата Европската комисија има…

EK: Северна Македонија не постигна никаков напредок…

Северна Македонија е помеѓу одредено и умерено…